Костадиновска Стојчевска: Сè погазија, до пладне мандатарот зборува против ДУИ, попладне седнува со нив и се договора
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека приказните на ДПМНЕ за прераспределба на јавната администрација паѓаат во вода, а заложбите за поефикасна администрација не им се вистинска цел, туку само задоволување на партиските математики и апетитие на ДПМНЕ и нивните коалициони партнери.
„Целата реторика на ДПМНЕ 7 години беше ДУИ во опозиција и си го погази тоа. Ја видовме старата љубов на ДПМНЕ и ДУИ како дојде на сцена и тој закон се изгласа со ново мнозинство“, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека законот го потпиша претседателката на државата, иако во 2019 тврдеше дека не треба да има повеќе од 14 министри, а сега има 20 министри, заменици, државни секретари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа