БЕСА ги објави кандидатите: Лимани ќе биде министер за социјална политика, Дурмиши за економија
Собранието на Движењето Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата Влада, кои треба да бидат избрани во Парламентот.
-Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од коалицијата „Вреди“.
Во соопштението од Беса наведуваат дека на состанокот се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри во идната влада при што едногласно било утврдено дека „партиските претставници во Собранието и во извршната власт без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма – борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа