Петровска: ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење затоа што на Ахмети му се брзаше

 

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства и се врши интервенција во надлежностите на постојните се донесе во скратена постапката, и со целосно исклучување на експертската јавност.

ДПМНЕ го предлага законот за сабајле, го гласа после полноќ, ја исклучува експертската јавност, остануваат глуви на коментарите на експертите и велат дека ова е реформски закон, што ќе ја спасува државата, рече Петровска.

Таа додаде дека од ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање, за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави.

10.06.2024 - 20:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега