На 21 јануари ќе започнат преговорите на ЕУ со Србија

 

Европската унија денеска формално одлучи преговорите за придружување со Србија да почнат на 21 јануари.

Заклучоците од денешната седница официјално на прес конференција, закажана за 13 часот, ќе ги претстави претседателот на Сoветот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.

Ова претставува потврда на заклучоците на Министерскиот совет, кој претходно неделава расправаше за овие теми, со прецизирање на датумот, а двата става без расправа се усвоени на самитот, на кој се собраа  28 шефови на држави и и влади на земјите членки.

 

ЕУ на првата меѓувладина конференција ЕУ-Србија, што го означува почетокот на  преговорите, ќе ја претставува Грција, која од 1 јануари го почнува шестмесечното претседавање со Унијата.

20.12.2013 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега