Маж од Романија се плашел од Путин, направил бомба и случајно се разнел

 


Маж (44) загинал во својот дом во Фетешти, Романија, кога случајно ја активирал бомбата што сам ја направил, наводно од страв дека Русите ќе ја нападнат неговата земја.

Рачно изработена бомба вчера експлодирала во рацете на човекот.

Силната експлозија ја слушнале соседите, кои веднаш повикале полиција, а потоа истрчале надвор да видат што се случува. Тогаш забележале како црн чад се издига над куќата на нивниот сосед и веднаш потрчале да видат што се случило. Во куќата нашле страшна сцена. Мажот без знаци на живот лежел на подот, а по телото имал бројни повреди од шрапнели. На местото на настанот брзо пристигнале бројни екипи за итна помош, пожарникари и полиција, но немало начин да се спаси човекот.

„Целото маало мирисаше на барут, а специјалните единици со специјална опрема долго време ги пребаруваа сите соби во куќата за да проверат дали има експлозив или муниција“, раскажуваат соседите.

Тие ја познавале жртвата од детството, исплашени се иселиле од населбата, чекајќи полицијата да потврди дали областа е безбедна.

„Пронајдени се пиротехнички средства и муниција по протокол и се земени на дополнителна анализа“, соопштија од полицијата.

Веста дека жртвата сам ја направил бомбата не ги изненади најблиските роднини на жртвата. Велат дека од мал сакал да експериментира и да прави различни светлосни инсталации.

„Тој правеше инсталации во облик на животни, или Ајфеловата кула“, велат роднините.

Таткото на загинатиот рекол дека неговиот син направил експлозивна направа од страв дека Русите може да нападнат.

30.05.2024 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега