ДИК: До 13 часот на гласање излегле 25,48 отсто од гласачите во седумте избирачки места

 


До 13 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 1150 односно 25.48% , соопшти ДИК.

Во ИМ 2101 во Желино гласале 325 гласачи односно 32.73%.

Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 151 гласачи односно 32.20 %.

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 47 гласачи односно 15.77 %.

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 185 гласачи односно 26.02 %.

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 117 гласачи односно 17.78 %.

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 100 гласачи односно 15.82%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 225 гласачи односно 29.88 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 13 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 3.71% на овие избирачки места.

22.05.2024 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега