Пронајдени пет килограми експлозив во училиште

 

Во едно основно училиште во Бачка паланка во Србија биле пронајдени 5 килограми експлозив.

Полицијата веднаш го отстранила експлозивот во училиштето во кое учат околу 1000 ученици. Како што пренесува Дневник, за среќа полицијата навреме реагирала и била спречена трагедија.

Ќе биде покрената истрага од каде тие пет килограми експлозив завршиле во просториите на училиштето.

 

20.12.2013 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега