Силен земјотрес го погоди кинескиот регион Ксинџијанг
Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска кинескиот регион Ксинџијанг, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.
20.05.2024 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа