Хорор во Мексико: Кандидат за градоначалник убиен на митинг
Лусеро Лопез Маза, кандидат за градоначалник и уште пет лица, од кои едно младо девојче, беа убиени во пукање на предизборен митинг во градот Ла Конкордија во јужната мексиканска држава Чиапас, пренесе АП.
Покрај тоа, две лица се ранети.
„Конфликтот избувна меѓу вооружени цивили за време на политички митинг“, соопшти обвинителството.
17.05.2024 - 18:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа