Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека се невозможни геополитичките проекти со НАТО и оти Москва нема доверба во Алијансата.
-Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивни одбивност, посочи Рјабков.
Тој додаде дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на рамноправна основа“.
17.05.2024 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа