Бајден даде интервју во живо: Со задоволство ќе учествувам на дебата со Трамп

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денеска беше интервјуиран на радио пренос во живо од познатиот американски водител Хауард Стерн.

Бајден раскажуваше приказни за своето семејство и рече дека неговото пелтечење, што го има уште од детството, го подготвило за тешките моменти во животот. Според него, говорниот дефект е најдоброто нешто што можело да му се случи.

Бајден на крајот се справил со пелтечењето, но тоа повремено се појавува во неговите јавни настапи.

Интервјуто со Стерн е направено додека Бајден е во посета на Њујорк за политички настани.

Тој сподели доста биографски детали додека како демократски претседателски кандидат се обидува да стане подостапен за гласачите.

Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, се однесувал кон него со љубов, но бил строг. Притоа раскажа приказна за тоа дека бил нокаутиран за време на фудбалски натпревар кога бил во четврто одделение.

– Татко ми излезе на теренот и рече: „Џои, стани“. Само стани. Треба да станеш“, рече тој.

Бајден најави дека ќе учествува на дебата со републиканскиот ривал Доналд Трамп.

„Не знам кога. Со задоволство ќе дебатирам со него“, додаде Бајден.

26.04.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега