Кралскиот пар се разведува по 14 години брак
Принцот Николаос и принцезата Татјана се разделуваат, потврди грчкото кралско семејство.
„Принцот Николаос и принцезата Татјана решија да го прекинат бракот по 14 години заедно. Тоа беше тешка одлука за двајцата и тие продолжуваат да чувствуваат длабока благодарност, почит и љубов еден кон друг. Тие ќе продолжат да живеат и работат во Грција, место каде и двајцата се чувствуваат како дома. Семејството секогаш ќе биде на нивна страна“, се вели во официјалното соопштение на грчкото кралско семејство.
Татјана се омажи за грчкиот принц, во 2010 година во фустан од Анхел Санчез, венецуелски дизајнер. Нивната венчавка беше наречена настан на годината и собра бројни членови на кралските семејства на Европа.
Парот немаше деца, а принцезата во настапите во медиумите нагласи дека не се чувствува како принцеза и дека кралското семејство немало никакво влијание врз нејзиниот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа