Силен земјотрес го стресе Тајван
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Хуалиен во источниот дел на Тајван, соопшти метеоролошката управа на островот. Засега нема информации за материјална штета.
Земјотресот, а длабочина од 5,5 километри, ги зафати зградите во главниот град Тајпеј.
Претходно денеска, округот Хуалиен беше погоден од друг земјотрес со јачина од 5,5, но нема извештаи за жртви или материјална штета.
Тајван беше погоден од стотици последователни потреси по големиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го потресе Хуалиен претходно овој месец
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа