Утре нова одлука за цените на горивата

 


Регулаторната комисија за енергетика утре ќе донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на РКЕ, сите горива поскапеа. За еден денар поскапе ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари поскапе дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се моменталните цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм)

14.04.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега