Од први јануари минималната плата 395 евра
Минималната бруто плата во Хрватска во следната година ќе изнесува 3017,61 куни (395 евра), што е за 32,83 куни повеќе од досегашниот минимум.
Владата ја зголеми висината на минималната плата како резултат на порастот на просечните доходи, како и поради фактот што хрватската економијата се уште се наоѓа во рецесија, а куповната моќ на населението е намалена, соопшти Министерството за труд.
Хрватската Влада донесе и одлука за ограничување на именувањето нови државни функционери во текот на следната година.
19.12.2013 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа