СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно
СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во новата изборна програма, стои во соопштението на СДСМ.
„Еден од клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија е европско образование, со конкретни мерки и проекти за учениците.
СДСМ гарантира безбедност и сигурност за учениците.
Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта.
Предвиден е и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти.
Децата се нашата иднина!
Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.
Со СДСМ нема откажување од европскиот пат, нема откажување од иднината“, велат од СДСМ.
27.03.2024 - 09:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа