Каде со оваа облека?

 

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори го привлекоа вниманието на минувачите откако излегоа од солариум во Лос Анџелес и се упатија кон својот автомобил.

 

29-годишната Бјанка уште еднаш успеа да изненади многумина со изборот на облека. Таа излезе во проѕирен комбинезон, а интимните делови од телото ги покри со рацете. Под комбинезонот не носела ништо.

Бјанка го привлече вниманието на фотографите пред неколку дена кога влезе во хотелот Бел-Ер во Калифорнија. Таа носеше долга црна капут за дожд што изгледаше како да е направена од некаков пластичен материјал. Во тоа време таа се движеше со скрстени раце и наведната глава, а странските медиуми јавуваа дека изгледала вознемирено.

Канје често на социјалните мрежи објавува разголени фотографии од сопругата. Откако обожавателите го критикуваа поради тоа, Канје рече:

„Ако не ти се допаѓа мојот профил и тоа што го објавувам, остави ме на мира. Не ми е гајле. Ќе ја објавувам жена ми колку што сакам. Објавете ги вашите жени на инстаграм“.

 

20.03.2024 - 08:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега