ФОТО: Една од најубавите актерки стана мајка по четвртипат
Актерката Гал Гадот, позната по улогата во филмот „Wonder Women“, откри дека го родила четвртото дете, а бременоста ја криела од јавноста.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од болница каде позира со својата ќерка.
„Моето слатко девојче, добредојде. Бременоста не беше лесна и ја издржавме. Ти внесе толку многу светлина во нашите животи, живеејќи го твоето име, Ори, што значи „моја светлина“ на хебрејски. Нашите срца се полни со благодарност Добредојдовте во куќата на девојките. И тато е прилично кул“, напиша таа под објавата.
Многумина беа шокирани од оваа фотографија бидејќи никој не знаеше дека е бремена, а некои ја искористија оваа прилика да се потсетат на страдањата на жените, мајките, децата и трудниците во Палестина.
Гал е во брак од 2008 година со израелскиот продуцент Јарон Версан (42), со кој има три ќерки, Алма (12), Маја (6) и Даниела (2).
Актерката која минатата година беше прогласена за една од најубавите жени на светот беше на удар на критики поради поддршката на Израел на крајот на минатата година.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа