Македонија мрзне - се разбудивме на -6 степени

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде претежно сончево. Во утринските часови во југоисточниот дел на земјава ќе има појава на слаба магла и ниска облачност која преку денот ќе се развие. 

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус еден, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови температурите ќе бидат ниски, а преку денот повторно ќе растат. 

18.12.2013 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега