Клиниката за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Суверениот ред на Малта

 

Универзитетската Клиника за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија. Донацијата на опремата вчера во просториите на Клиниката ја предаде амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во земјава Франческо Саверио Џуисти, во присуство на проф. д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска.

Како што соопштуваат денеска од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта, на состанокот било договорено дека и во текот на оваа година Амбасадата ќе продолжи како и во минатото да ја поддржува Клиниката.

„Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Република Северна Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата. Според повеќе од 900 годишната традиција на Суверениот воен ред на Малта, амбасадата во Република Северна Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи и во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата“ -  стои во соопштението.

08.02.2024 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега