(Видео)Каевски: ДПМНЕ не успеа да убеди една амбасадорка а не па да промени договор со ЕУ
Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, вели дека доволна била и една недела на власт на ДПМНЕ за на виделина да излезат сите нивни лаги.
„Затоа нема што да прави, не може да го реши проблемот со пасошите. Замислете, многу „силната партија“ ДПМНЕ не може една амбасадорка да убеди, нешто да смени. Истите оние кои јавно велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог. Ако една амбасадорка не можат да убедат од ДПМНЕ, како ќе убедат 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка? Секако никако. Не само поради тоа што го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ“, додаде пратеникот.
Според него, ДПМНЕ едно зборува пред да влезе во Влада после друго.
„ДПМНЕ не може да направи ништо. Само ги лаже граѓаните“, потенцираше Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа