Студентите лути на МОН: Не е исплатена ниту една рата од студентските стипендии
Министерството за образование и наука кое го раководи министерот Јетон Шаќири, до денеска не исплатиле ниту една рата од ниту една стипендија за оваа академска година, тврдат студентите.
„Не е исплатена ниту една рата за студентите што ги продолжија стипендиите. Не е исплатена ниту една рата за студентите – нови корисници на стипендии. Не сите студенти што земаа пониски стипендии и потпишаа анекси и спогодби ја добија разликата. Доцни и исплатата на финансиска помош за меѓуградски превоз. Иако помина јануари, а студентите неколку пати патуваа од своите места на жвиеење до градовите каде студираат поради испитната сесија, МОН не им ја исплати финансиската помош од 1.200 денари, која требаше да се исплаќа секој месец. Да се стави крај на аматеризмот и пасивноста во институцијата која е задолжена да ги спроведе мерките што државата ги предвидела за поддршка на македонските студенти“, велат студенти за „Скопје1“.
Од Министерството за образование велат дека налозите за исплата се доставени во трезор.
Од Министерството, очекуваат студентите утре да ги имаат парите на сметка.
„Налозите за исплата на стипендии на постојните корисници и на патните трошоци се доставени во трезор и очекуваме денес или утре да се реализираат. Додека следната недела ќе има исплата за новите корисници на стипендија“, велат од МОН
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа