Потрошувачите ќе се едуцираат за виното додека купуваат

Љубителите на вино од денеска ќе можат да се едуцираат за виното и за најдобрите комбинации со храната на самите продажни места. Се работи за апликација на винарската визба „Тиквеш“ преку која можат полесно да го направат најдобриот избор на вино.

Од „Тиквеш“ информираат дека оваа иновација во комуникацијата со потрошувачите засега е достапна во два од маркетите на Веро во Скопје, а во наредниот период ќе биде поставена и на други продажни места.

- Обидувајќи се да го направат вистинскиот избор, љубителите на виното често минуваат многу време на винските полици во маркетите. Со оваа апликација не само што им се олеснува изборот, туку добиваат и корисни информации за виното и за идеалниот спој со различните видови храна. Веруваме дека оваа алатка е моќен иструмент за подигнување на винската култура на македонските консументи, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ маркетинг менаџер на Тиквеш.

17.12.2013 - 11:27
Фото: 
емагазин

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега