Работен состанок за организирање на Водици 2024 година во Струга

 

На состанокот, како што соопшти општина Струга, присуствувале претставници на организацискиот одбор, полицијата, Црвен крст и останати релевантни институции.

Отец Васко Голабоски, старешина во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга изразил благодарност за организацијата. Тој информира дека чинот на осветување на водите на реката Црн Дрим ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост, по што ќе следува положување на светиот крст.

Покрај за безбедноста во градот, струшката полиција, како што информира командирот Дритан Ајро, ќе регулира посебен сообраќаен режим, од кружниот тек кај Полициската станица до старата општинска зграда.

– Полициската станица во Струга ги презема сите потребни мерки од безбедносен аспект, во комуникација е со претставниците на црквата и сметаме дека овој празник ќе се организира како што и доликува на Струга, затоа што се посебно се доживува од сите стружани и претставува атракција за градот, изјави Ајро.

Спасителите на вода и волонтерите на Црвен крст – Струга и оваа година ќе биде дел од манифестацијата со сета потребна опрема за спасување и заедно со пожарникарите и медицински лица од Здравствен дом ќе се погрижат за безбедноста на капачите.

Јавното претпријатие „Комунално“ најави уредување и чистење на кејовите на реката Црн Дрим, како и присуство на комунални редари.

Празничната богослужба во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во во 7 часот и 30 минути, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути.

17.01.2024 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега