Левицата предлага платено породилно отсуство за мајките земјоделки

,,Овој закон ние го поднесовме на 6 април и речиси една година стои заглавен. За жал, во нашата држава само со притисок и пред избори работите се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа во согласност со законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата“, вели пратеникот од Левицата, Борислав Крмов, за предлог-законот за здравствена заштита.

Покрај ова, како што додаваат од Левицата, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравственото осигурување и не го добиваат ова фундаментално право.

„Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички – оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје.

Заштита на мајките е фундаментално право, кое не треба да се заслужува. Извештајот на ЕК го нотира овој проблем во целост, да немаме дилеми“, се наведува во соопштението од оваа партија.

12.01.2024 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега