Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај

 


Процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката пресконференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и ставот на Софија и изгласаните декларации во бугарското Собрание.

Муртезани кажа дека е застапник на идејата дека мора да се градат заеднички позиции како соседи и да се почитуваат копенхашките критериуми, каде што првиот услов се токму добрососедските односи.

- Јас сум застапник на идејата дека резолуциите или внатрешните политички прилики не треба да се градат против соседите или против некого. Ние мора да градиме заеднички позиции како соседи, бидејќи цело време се повикуваме на копенхашките критериуми, првиот услов согласно копенхашките критериуми се добрососедските односи, и за нас и за Бугарија. Ова што ние го правиме последните неколку месеца, сите посети на министрите за европски прашања, министрите за надворешни работи, е да апелираме на сите тие наши грижи, не да спремаме терен за репреговарање на тоа што е преговарано. Меѓутоа, на некој начин да најдеме начин, како што и министерот Бирн спомна, нашиот процес да има крај, рече Муртезани. 

 

30.07.2025 - 14:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега