Холандскиот амбасадор на средба со Ахмети за да му најави вето поради притисоци врз Врховиот суд и невладеење на правото

Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп се сретна денеска со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за да му најави дека земјава може да се соочи со вето од оваа европска држава.

-Амбасадорот Дирк Јан Коп се состана со водачот на ДУИ, Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е изложена на ризик низ политичкиот спектар. Исто така, неоснованото политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, кој е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија, велат од холандската амбасада во Македонија.

10.01.2024 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега