Министерот Тодоров во дводневна посета на Русија

Делегација предводена од министерот за здравство Никола Тодоров од денеска престојува во дводневна работна посета на Руската федерација. 

Предвидено е македонската делегација денеска да се сретне со ректорот на Московскиот државен универзитет „Михаил Василевич Ломоносов“ Виктор Антонович Садовничи, по што ќе биде потпишан Договор за соработка меѓу Факултетот за фундаментална медицина при  Московскиот државен универзитет „Ломоносов“,  Медицинскиот факулет-Скопје и Факултетот за медицински науки-Штип.

Министерот Тодоров утре ќе се сретне со неговата колешка Вероника Скворцова. 

Заедно со министерот за здравство, во делегацијата се и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје Велимир Стојковски, како и деканите на Медицинскиот факултет во Скопје и на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Никола Јанкуловски и Рубин Гулабоски.

17.12.2013 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега