Посебен режим на сообраќај во Скопје од вторник до сабота

 

Посебен режим на сообраќај ќе има од вторник до сабота, од 9 до 13 јануари, во Скопје поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

07.01.2024 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега