„Мамо пак не вратија со полиција“ – обиена градинка во Бутел по вторпат за една недела
Градинката 11 Октомври во скопската населба Бутел 2 утрово повторно е обиена.
Родител на дете кое престојува во градинката за „Макфакс“ вели дека обивање на просториите на установата имало и на 25 декември, а тогаш како и денес децата кои дошле со придружба на родителите биле вратени дома.
„Пак не’ вратија со полиција“, коментирале децата додека родителите чекале повик кога ќе може да се вратат назад и да ги остават најмалите таму, па да продолжат со секојдневните обврски.
Градинката утрово почнала да ги прима децата околу 8.30 часот по интервенцијата на полициските службеници.
Од МВР за „Макфакс“ велат дека денешниот случај бил пријавен утрово во 06.08 часот.
„На подрачје на Бутел засега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка, по што влегол внатре и извршил претурање и, според пријавеното до сега, не е одземено ништо“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа