Финансиска полиција ќе истражува како Арсовска го украси Скопје за 30.000 евра

 

Финансиската полиција следната недела ќе отвори предмет за украсувањето на главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврди дека чини само 30.000 евра, дознава Прес24.

Ова доаѓа откако Арсовска јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра. Сепак, на веб страницата на Јавни набавки сè уште не е објавен тендерот за украсувањето на Скопје. Токму тоа е и причината зошто Финансиската полиција ќе го истражува целиот случај.

Од Јавното обвинителство велат дека доколку Финансиска полиција сепак не оформи предмет, тоа ќе го сторат тие.

-Со оглед на изнесените наводи во конкретниот случај, Управата за финансиска полиција како орган надлежен за откривање на евентуални кривични дела и контрола на финансиските текови има надлежност да ги испита сите околности и да достави соодветно известување или пријава. Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет и ќе нареди да се извршат сите проверки.

ДВ

 

 

 

21.12.2023 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега