Како закачија салмонела дечињата во училиштата во скопски Карпош

 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од сите училишни кујни во општина Карпош, каде што се подготвува храна, каде што беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

„Лабораториските резултати од испитаната храна, која е земена од централниот магацин на операторот со храна ‘Ванила фуд,’ кој се наоѓа во ОУ ‘Димо Хаџи Димов, се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта во кои се приготвува храна. Тие се во согласност со правилникот за посебни барања, кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела“, велат од АХВ и додаваат:

„Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите сѐ уште не се добиени бидејќи при надзорот не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде што претходно веќе биле земени мостри, а за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на салмонела, односно тие се во согласност со правилникот за посебни барања, кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“.

Останува мистерија, како закачија салмонела сите овие деца во ист период а во различни училишта, сите снабдувани со храна од ист оператор. 

 

16.11.2023 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа