Приведено лице, при претрес му било пронајдено оружје и муниција
Вчера во 15.00 часот во с.Мала Речица, тетовско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во содејство со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(55) од с.Мала Речица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Берета“, револвер, повеќе куршуми со различен калибар и повеќе делови за пиштол и ловечка пушка.
Додека, при претрес во неговото возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе патрони со различен калибар и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа