УХМР: Денеска повторно сонце и пријатни температури


 Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во 8 Гевгелија и  Виница.

-Утрово е сончево и свежо. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 21 степен

07.11.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега