Младинската екипа на Арсенал наместо во Брајтон отпатувала во Борнмут

 

Младинската екипа до 18 години на Арсенал денес требаше да игра против младинскиот тим на Брајтон, но натпреварот е одложен откако тимскиот автобус на Арсенал наместо во градот Брајтон, пристинал во Борнмут, а веста ја објави англискиот Sky Sports.

Откако ја увиделе својата грешка, ги замолиле противниците да го одложат натпреварот за подоцна, а кој требаше да започне во 13 часот по наше време. Но, поради тоа што локацијата е премногу оддалечена од нив каде станува збор за 155 километри, натпреварот мораше да биде одложен. 

Инаку, тренер на младинската екипа на Арсенал е Џек Вилшер кој своевремено се сметаше за голем англиски талент, но кој поради тешките повреди, како и животот надвор од терените не го исполни својот потенцијал.

04.11.2023 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега