Татко и две деца со македонски пасош евакуирани од Газа

Во текот на вчерашниот ден, тројца македонски државјани, татко и две деца, безбедно ја напуштија Газа и во придружба на претставник од нашата Амбасада во Каиро,  беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.

- Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани, појаснуваат од МНР.

Најавуваат дека Министерството за надворешни работи преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани до завршување на целосното евакуирање на нашите граѓани

03.11.2023 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега