Мицкоски: Нови фрапантни сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо“, која сè уште трае (ВИДЕО)

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку свиркачи стигнала до огромна документација поврзана со скандалот на Клиниката за Онкологија. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека целата документација внимателно се анализира, но од досегашниот преглед дошле до три главни заклучоци.

-Ова што го држам во ракава е Извештај од ФЗО. Овој Извештај е практично извештај од извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во УКРО Скопје, УКРО е Универзитетска клиника за радиологија и онкологија. Периодот кој е опфатен во овој Извештај, внимавајте, е за МЗ две години, те. Опфатени се во овој вонреден контролен инспекциски надзор јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година, рече тој на денешната прес-конференција.

Извештајот, како што рече Мицкоски, опфаќа вонреден контролен надзор од јавните набавки во периодот од 1 август 2021 до иститот датум 2023 година.

-Попрецизен да бидам, тоа е периодот после оној период за кој зборуваа од Владата дека е опфатен со предистрагата, односно дека до 2021 година се правело што се правело, а после тоа се било според правилата. Еве овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема, рече Мицкоски.

Според него, првиот заклучок од документацијата е дека добавувачите, согласно договорите се должни да ги испорачаат лековите во рок од 5 до 10 дена. Доколку испораката доцни се создаваат дефектури, односно период во кој пациентите не добиваат терапија.

-Значи и покрај тоа што се создадени вакви дефектури, период во кој пациентите не ја добиваат терапијата, бидејќи добавувачите не ги почитуваат договорите, не е испратен ниту еден допис, од одговорните лица, ниту е преземено нешто да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даде негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се надоврза и на тоа која е омилената веледрогерија на власта.

-Ниту еден добавувач не е предупреден, ниту му е дадена негативна референца за не испорака, а не е ниту добиен одговор, било каков, објективен или субјективен, од дистрибутерите, зошто не се испорачува навремено робата според договорот. Свесно се крши договорот, не се испорачуваат лековите, пациентите остануваат без потребната терапија, и за тоа никој не сноси никакви последици! А ќе ве потсетам зборувавме за реверс, предвремено доставување на лекови, за оние на кои тие лекови им се потребни, рече Мицкоски.

Тој тврди дека не постои писмен траг за тоа што се случувале со вишоците од лековите кои остануваат во една вијала откако таа ќе биде искористена.

На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата. Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение. Со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија. Вистинското прашање е дали имаме повратен одгвоор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана? Но, исто така останува непозната дилемата дали самата клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман. Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 степени целзусови, поголема од 8 степени целзусови, истакна тој.

02.11.2023 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега