Провокација пред ракометниот дуел со Грција: За грчкиот селектор нашето име е „Скопје“
Непосредно пред ракометната средба меѓу Македонија и Грција нашиот тим наидува на провокации од грчка страна. И покрај договорот кој обврзува Грците да нѐ нарекуваат „Република Северна Македонија“ за грчкиот селектор нашата држава е: Скопје.
Најлошо е кога политиката се меша во спортот, а овој пат тоа го применува селекторот на грчката ракометна репрезентација, Георгиос Заравинас кој не сакаше да го каже името на нашата земја, ниту со придавката Северна,
Почнувајќи од задутре ракометната репрезентација на Македонија на 3. и 4. ноември игра два пријателски натпревари против Грција во Солун. Нивниот селектор со вчерашната изјава даде жестока провокација.
„Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати. Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим“, изјави грчкиот селектор, Георгиос Заравинас.
На крајот се наметнува прашањето: Дали договорот за добрососедство се применува од двете страни, или пак само од македонската?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа