Османи: Добивме поддршка од САД за реформите кои ги спроведуваме

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати на форумот за стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, организиран од страна на Македонско-американската Алумни-асоцијација.

„Добивме силна политичка поддршка од Стејт департментот во насока на реализација на предвидените проекти имајќи предвид дека тие ќе придонесат за понатамошно унапредување на демократските процеси, зајакнување на институциите, поттикнување на реформските процеси, а со тоа и гарантирање на целокупниот напредок на државата“, рече Министерот.

Тој нагласи дека стратешкиот дијалог се претвори во сериозна платформа, чија цел е унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји со конкретен план на активности, односно конкретни проекти за соработка во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борба против корупција, владеењето на правото, трговијата и други области.

На форумот, на кој учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, како и претседателката на Македонско-американската Алумни-асоцијација, Верица Јорданова, Османи се осврна на образовната соработка.

„Би скакал да изразам големо задоволство од поддршката на САД за многуте стипендии за повеќе академски, професионални и културни програми за размена, како што се: Фулбрајт; Hubert H.Humphrey; Kennedy- Lugar Youth Exchange and Study; Benjamin Franklin Transatlantic Summer Institute, како и програми што овозможуваат студиско усовршување во образовни институции во САД“, изразувајќи притоа задоволство за неговото учество во програмата Open World како добра можност за размена на искуства и стекнување нови знаења и контакти.

На 2 јуни минатата година, во Вашингтон, Османи и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, го лансираа дијалогот, со што Северна Македонија стана првата земја меѓу шесте земји од Западен Балкан што го почна овој значаен процес.

 

01.11.2023 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега