ВИДЕО: Најгледаната епизода од „Пријатели“ на сите времиња
Светот се збогува со Метју Пери, а серијата „Пријатели“ (Friends), во која тој глумеше три децении од почетокот на емитувањето, има милиони фанови.
Серијата собори рекорди на гледаност и како што објавија светските шоу-биз медиуми, најгледаната епизода во историјата истата вечер ја гледале речиси 53 милиони луѓе. Станува збор за епизодата The One After the Superbowl, двојна епизода во втората сезона. Епизодата беше премиерно прикажана на Ен-би-си на 28 јануари 1996 година како дел од телевизискиот пренос на Ен-би-си на тогашниот „Супербол“.
Ен-би-си намерно одлучи да не емитува премиера на нова серија таа вечер, како што обично правеше и, наместо тоа, закажа епизода од висок профил од постојната популарна серија. Тоа беше дел од напорите на мрежата да го постигне денот со најголема заработка од реклами во историјата на телевизијата.
„Пријатели“ беше толку голем феномен во тоа време што доби специјална епизода по „Супербол“ со низа гости ѕвезди од холивудската А-листа, меѓу кои Брук Шилдс, Крис Исак, Џулија Робертс, Жан-Клод ван Дам, Фред Вилард и Ден Кастеланета.
Ја гледаа речиси 53 милиони луѓе.
Со 52,925 милиона гледачи и 47 отсто удел на публиката, The One After the Superbowl беше најгледана епизода на серијата и е најдобро оценета програма за „Супербол“ на сите времиња.
Епизодата го следи Рос, кој дознава дека неговиот поранешен домашен миленик – мајмунчето Марсел – е ангажиран на филм што се снима во Њујорк, а потоа се обидува да добие улога во тој филм за да може повторно да го види својот мајмун.
Во таа епизода Чендлер ја запознава својата стара пријателка од детството Сузи (ја глуми Џулија Робертс) која работи на продукцијата, а со која има интересно минато. Всушност, кога биле во основно училиште, Чендлер ѝ го подигнал здолништето на Сузи додека била на сцената откривајќи ги нејзините гаќички пред целото училиште.
Договараат состанок, а Чендлер нема поим дека се работи за одмазда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа