Концерт на Мухамед Ибрахими во камерната сала на Филхармонијата

 

На 6 ноември, во камерната сала на Филхармонија, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт.

Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцената. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

Специјални гости на Мухамед на овој концерт ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Инаку, Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата „Бла, бла, бла“, а многумина го познаваат и како творец што практикува соработки со разни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата петта година на разни инструменти, но ако треба да избира, би ја избрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за в година подготвува нов материјал и нови соработки.

Концертот ќе почне во 20 часот.

30.10.2023 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега