Ковачевски: Северна Македонија во ЕУ до 2030 година е остварлива цел

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен кажа дека влегувањето на нашата земја во ЕУ до 2030 година била амбициозна, но остварлива цел. 

За претстојното гласање на уставните измени, премиерот рече дека се надева оти оние што секогаш биле против евро-атлантските интеграции сега ќе покажат дека се за европска иднина.

„Сега има можност за пристапување во ЕУ. Темата претходно во Унијата не беше тема на широк консензус, а сега сите се едногласни дека треба да има проширување, што значи обединување на Европа. Ние имаме институции што се целосно усогласени со ЕУ. Сите да си ја земат одговорноста во свои раце. Со вакви работи не се калкулира и не се игра со емоции на граѓаните. Ќе значи повторување на еден лош филм. Лошите искуства од историјата не смее да се повторуваат“, порача премиерот.

Во обраќањето тој се осврна на успесите на земјата во изминатите години коментирајќи дека по деценискиот застој до статус на заробена држава, шест години подоцна, Северна Македонија е членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ, кога голем број граѓани, па и земји членки на ЕУ, се прашуваа дали Северна Македонија може да ги почне преговорите и дали може да има преговарачка рамка.

30.10.2023 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега