МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Р. Србија

 

На годишниот XLII интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, по покана на селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), во официјалната програма од селектирани 70 претстави, избрана е претставата „Народен непријател“ по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ.

Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ“ во Врање. Годинешната фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври со слоганот „Театарот во трауматизираното општество“, а ќе учествуваат и театарските куќи од Р. Србија, Р. Хрватска и Р. Романија, при што директорот на театарот истакна дека од година на година се зголемува бројот на угледни претстави што доаѓаат во Врање, а годинава тоа е посебен предизвик бидејќи има и претстави од регионот, што не било случај до сега кога се во прашање „Борини позоришни дани“.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

 

24.10.2023 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега