Спасовски за „Трилинг“: Ние сме кревок регион - отворените прашања треба да се решаваат со дијалог

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на гостувањето на „Трилинг“ на ТВ24 го пренесе своето размислување околу геополитичката ситуација во светот по руската агресија на Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас, одговарајќи на прашањето околу можните импликации кризата да се прошири на регионот, особено од исламистичко -  радикалните структури. Притоа, тој укажа дека влијанието на актуелните конфликти врз безбедноста и на случувањата во регионот е неспорно, особено имајќи предвид дека станува збор за регион којшто е кревок во однос на стабилноста и безбедноста.

„Имаме отворени прашања коишто треба да се затворат преку дијалог и тоа е наш став како држава, но и апел преку дијалог да ги решаваме работите. За жал, во 21 век имаме руска агресија на Украина, војна за којашто можеби никој не замислувал дека може да ни се случи. Во моментот има нова безбедносна криза во Израел. Сето тоа имплицира дека мора да бидеме многу внимателни, да работат консолидирано сите безбедносни служби, вклучително и Министерството за внатрешни работи. Ситуацијата ја следиме од час во час, се анализираат сите активности, во постојана комуникација се и Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање заедно со МВР, сѐ со цел да ја зачуваме безбедноста и стабилноста на нашите граѓани и на држава, меѓутоа и да влијаеме на безбедноста и стабилноста во регионот“, потенцираше министерот Спасовски.

20.10.2023 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега