Сефовите на Аркан ќе ги отворат сите наследници заедно

 

Два неодамна откриени сефови на Жељко Ражнатовиќ во Комерцијала Банка во Белград може да бидат отворени само во присуство на сите наследници и тоа тогаш кога ќе заврши оставинската постапка – велат за Блиц во банката.

Со договорот на закуп за сеф банката се обврзува на тајност и дискреција, поради што Блиц не успеа да дознае дали Светлана Цеца Ражнатовиќ, сопругата на Арка, основач и командант на Српската доброволна гарда и Партија за српско единство кого Добросав Гавриќ го уби на 15 јануари 2000 во хотелот Интерконтинентал, имала овластување за користење на сефовите.

Во Комерцијална банка објаснуваат дека до доенсувањето на рпавосилно судско решение на сите заинтересирани им се оневозможува пристап до сефот, без оглед на тоа дали имаат клуч или не. Со тоа се потврдува зошто Цеца Ражнатовиќ, и покрај евентуалното овластување, не можеше да им пријде на сефовите по убиството на сопругот.

Вдовицата на Аркан, Цеца како и сестрите Јадна Диклиќ и Биљана Кокеза не сакаа да ги коментираат сознанијата за тајните сефови.

Најстариот син Михајло не одговарал на повиците од новинарите на Блиц, додека најмладиот син на Аркан, Војин од Америка порачал дека нема да дава никакви изјави се до објавувањето на неговата кнгиа Приказни за мојот татко која ќе се најде во продажба на годишнината од неговото убиство на 15 јануари 2014.

14.12.2013 - 21:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега