Цеца: Не сум херој - изреагирав човечно

 

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа спасила три момчиња кои со својот автомобил возејќи со огромна брзина завршиле во бандера. Како што претхорно пренесе српскиот Телеграф, Цеца се разбудила од ударот, излегла надвор и откако го забележала автомобилот кој бил целосно смачкан, викнала брза помош и полиција, па отишла да и мпомогне на младите момчиња.

цеца за Стори.рс изјавува дека не е херој туку дека едноставно постапила човечно.

- По моето јавување веднаш дојдоа брзата помош и полицијата. Дојдоа и пожарикарите. Не го сметам она што го направив за херојски чин. Јас сум човек и постапив човечно, вели пејачката.

За среќа, момчињата се надвор од животна опасност.

14.12.2013 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега