Им ставил нож под грло за 500 денари - хорор за брачен пар од Прилеп

 

77-годишниот Ќ.Д. од Прилеп синоќа пријавил дека засега непознат сторител влегол во неговата куќа и го ограбил.

Според податоците од полицијата, старецот раскажал дека крадецот тропнал на прозорот од собата, а откако тој ја отклучил влезната врата, насилникот се втурнал во салонот и почнал да ги удира него и сопругата со тупаници во пределот на главата, па извадил нож кој го ставил под грло на сопругата и и ги земал златните обетки од ушите. Ќ.Д. исплашен за својот живот му кажал на крадецот дека има пари во гаражата, по што тој му го земал мобилниот телефон и се упатил кон гаражата каде зел 540 денари.

Се работи за 19-годишниот З.Р. од Прилеп кој е приведен и ќе си заработи соодветна кривична пријава.

14.12.2013 - 13:02
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега