Израелските сили во рации во Џенин и Појасот Газа убиле шестмина Палестинци
Израелските сили во последните 24 часа убиле најмалку петмина Палестинци во две рации на окупираниот Западен Брег и уште еден во одделен инцидент во блокираниот Појас Газа, како дел од последната ескалација на насилство на окупираните територии.
Израелските сили вчера извршија рација во бегалскиот камп Џенин, во северниот дел на Западниот Брег, и убија четворица Палестинци, додека според палестинските здравствени власти, во рацијата се ранети и околу 30 други лица.
Утринава израелските сили упаднаа и во бегалскиот камп Акабат Џабр во Јерихон.
Во соопштението на армијата се наведува дека војниците отвориле оган врз Палестинец кој фрлал експлозив кон нив.
Израелската армија не го потврди убиството во Газа, но соопшти дека „насилниците “ се собрале во близина на оградата што ја дели Газа од Израел и дека „активирале серија експлозивни направи“.
Армијата, исто така, даде само неколку детали за смртните случаи во Џенин, признавајќи дека извршила напад со беспилотно летало.
Новото насилство се случува откако во неделата доцна вечерта Израел соопшти дека ќе го затвори преминот Беит Ханун (Ерез) по ерупцијата на граничните протести и „безбедносната проценка“ од страна на претставниците на одбраната.
Затворањето на Беит Ханун, единствениот пешачки премин на енклавата со Израел, остави приближно 18.000 Палестинци од Газа со издадени израелски работни дозволи без пристап до нивните работни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа