Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер ја погоди Јапонија
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на северозападниот брег на островот Мијако во јужниот дел на Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот се случил во 22:21 часот по локално време на длабочина од 170 километри.
Не е издадено предупредување за цунами и нема извештаи за жртви или материјална штета.
18.09.2023 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа