ВИДЕО: Маж внимателно го брише и го прска со течност столот пред Ким да седне на средбата со Путин
Безбедносниот тим на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун неколку минути го дезинфицирал столот на кој седел Ким за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.
На видеото се гледа како севернокорејски службеник од обезбедувањето носи бели ракавици и внимателно го брише црниот стол на Ким и го прска со непозната течност.
Севернокореецот го испрскал и го избришал седиштето, а обезбедувањето на Кремљ го гледал малку зачудено. Друг агент на севернокорејската безбедносна служба потоа му наредил нешто на колегата што вршел дезинфекција, но не се знае каква е наредбата.
„Излегува дека столчето е најголемата грижа на севернокорејската страна“, напиша дописникот на „Комерсант“ од Кремљ, Андреј Колесников.
Се чини дека безбедносниот тим на Ким, со повеќе од 100 луѓе, бил незадоволен од првото столче, а руската страна потоа донела уште едно, објави „Комерсант“.
„Потоа вработен од Северна Кореја неколку минути без застанување го бришеше столчето наменето за Ким Џонг-ун носејќи бели ракавици: судејќи по мирисот, го дезинфицира“, додава „Комерсант“, еден од водечките руски весници.
Вчера Путин и Ким разговараа за воени прашања, војната во Украина и за можната руска помош за севернокорејската сателитска програма.
Reportedly, these are preparations to make sure that the chair Kim Jong Un would sit on is in the best possible condition. pic.twitter.com/xDsr9P7lG7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа